Осогово со нов одличен штос на социјалните мрежи го најави дербито со Саса

Македонскиот второлигаш Осогово одлично го презентира клубот на социјалните мрежи, имаше неколку супер интересни акции, а и денеска на оригинален начин го најави локалното дерби со Саса од Македонска Каменица, што ќе се игра во недела од 14.30 часот.

„Ова се Ива мис жетварска убавица во 2019 година и Македонка. Тие од Бахами ги поддржуваат своите клубови Осогово и Саса. Време е за дерби“, е објавата на клубот од Кочани.

На фотографијата се две прекрасни убавици кои жонглираат со топка, што е многу привлечна реклама за локалното дерби на Источниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Осогово направи бум на социјалните мрежи со дузина супер интересни објави и го привлече вниманието и во македонската фудбалска јавност, но и на европските клубови, па има соработка со познати клубови од Стариот Континент.

На фудбалски план не им оди добро, моментно се претпоследни само со 3 бода по 8 кола, колку што има и фенерџијата Питу Гули, но со полоша гол-разлика.

Саса е малку подобра и со 7 бода е на шестата позиција во конкуренција на 10 екипи во Втората лига Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести