Бескомпромисен старт на Специјалниот: Ако не ви се игра фудбал, седете дома и гледајте Бундеслига

Жозе Мурињо имал легендарна конверзација на состанокот на тренерите на клубови од Премиер лигата и во свој стил одговорил на двоумењето на дел од менаџерите кои се скептични дека англиското првенство може да продолжи на 12 јуни.

„Ако не ви се игра фудбал, тогаш седете дома и гледајте Бундеслига“, е реакцијата на Мурињо што ја пренесоа англиските медиуми.

Англичаните објавија дека се однесува на Пеп Гвардиола, Франк Лампард, Најџел Пирсон и Греем Потер, тренери на Манчестер сити, Челзи, Ватфорд и Брајтон, кои се песимисти дека може наскоро да има фудбал во Англија.

Отворена поддршка за менаџерот на Тотенхем очекувано стигна од Јирген Клоп бидејќи на Ливерпул му одговара да се доигра првенството за да ја освојат првата титула во Премиер лигата, или 19-та во Англија, и од менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти.

Ливерпул со 82 бода на девет кола пред крајот на првенството е на прагот на првата титула по пауза од 30 години, а има предност од 25 бодови пред Манчестер сити, тим што треба да одигра 10 меча до крајот на сезоната.

Дел од клубовите што се борат за опстанок и нивните менаџери се против доигрување на сезоната ако има испаѓање и бараа да се прекине шампионатот и Премиер лигата да се игра следната сезона со 20 или 22 клуба.

 

- Оглас -

Најнови вести