Островот се тресе, доаѓа најдобриот?

Шпекулациите дека Лионел Меси е незадоволен во Барселона и ќе го напушти клубот во 2021 година, штом му истече договорот, добија нова тежина. Аргентинскиот виртуоз веднаш го поврзаа со преселба во најатрактивната лига во Европа, Премиер лигата, а гигантот кој може да ги дозволи неговите услуги е Манчестер сити.

Колку и да звучи нереално Меси да ја напушти Каталонија, она што се случува изминатиов период во редовите на Барселона е разочарувачки за него. Управата реализира нелогични трансфери и го ангажира Кике Сетјен, кој не е адекватен да го предводи шпанскиот првак. Трите ремија по продолжувањето на сезоната ги загрозија шансите на Барса да ја одбрани титулата, а на Меси му е преку глава од хаосот.

Од таму и поврзувањето со Сити. Меси на 33 години би се пробал во исклучително тешкото англиско првенство, а богатите Граѓаните може да му понудат богатсво за да се пресели на Островот.

Ова е само почеток на потенцијално најинтересната трансфер сага која ќе се следи во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести