Осум екипи се спремни за нокаут-фазата, вечерва можат да им се приклучат уште три

Осум екипи веќе се подготвени за мечевите од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а вечерва можат да им се приклучат и Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд и Лацио.

Октетот осминафиналисти досега се: Барселона, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер сити, Порто, Ливерпул, Челзи и Севилја, па вечерва и во последното коло во групите Е и Г ќе се игра само за третото место и за патниците во Лигата на Европа.

Ревијални ќе бидат дуелите меѓу Јувентус и Динамо Киев и Ференцварош против Барселона од групата Г, барем кога е во прашање Лигата на шампионите, а исто ќе биде во Андалузија, каде што Севилја и Челзи играат меѓу себе за првото место откако двете екипи рано го обезедија настапот во осминафиналето во ЛШ.

Манчестер јунајтед може да се приклучи ако вечерва на „Олд Трафорд“ вторпат во фазата по групи го победи Пари Сен Жермен.

На добар пат кон нокаут-фазата се и Борусија и Лацио, екипи што вечерва меѓу себе ќе играат во Дортмунд. Ако Бриж загуби од Зенит на домашен терен, тогаш со кој било исход на дуелот на „Сигнал Идуна парк“ понатаму ќе одат и Борусија и Лацио.

Варијанти има многу за последните 8 дуели од петтото коло, а разврската следува со два меча од 18.55 часот и уште шест што ќе почнат во 21 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести