Осум НБА меча и на сите се очекува да има многу поени, тука е и понудата од преку 40 кошаркари за плус-минус

Во најсилната кошаркарска лига во светот, популарната НБА, ноќеска се играат осум мечеви, а интересно е дека на сите, границата за поени е голема, што значи дека се очекуваат ефикасни дуели. Најмалата граница за „плус-минус“ поени е на 224,5, а на дуелот Оклахома – Голден Стејт границата е дури на 243,5 поени.

Далас е голем фаворит за победа над Јута џез, исто како и Њујорк на свој терен против Шарлот. На четири дуели, гостите на имаат улогата на фаворити, па ќе биде интересно дали на крајот ќе биде со учинот четири победи на домаќините, а четири на гостинските екипи.

Преку 40 кошаркари се дел од поннудата за „плус-минус“ поени. Лука Дончиќ е на граница од дури 33,5 поени, Јанис Адетокумбо е на 31,5 поени, а Кајри Ирвинг е на 25,5 поени. Ентони Дејвис кај Лејкерс е прв адут и неговата граница е на 29,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести