Осумте порази по ред му донесоа отказ од клубот во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Венеција му даде отказ на тренерот Паоло Занети, а на негово место како привремен стратег на првиот тим е наименуван Андреа Сончин, кој досега беше во младинскиот тим.

Отказот на Занети е поради осумте порази во низа на Венеција, која падна на последното место и заостанува шест бодови зад Калјари, кој е на сигурната 17-та позиција на табелата.

Под водство на Занети, Венеција минатата сезона успеа да се избори за место во Серија А, но сега тимот е пред експресно враќање во Серија Б. До крајот на првенството во Италија има уште четири кола, а следен ривал на Венеција е Јувентус, и тоа на гостување во Торино.

- Оглас -

Најнови вести