Астон вила го освои трофејот од Лигата на Европа откако во финалето на стадионот на Бешикташ во Истанбул славеше со убедливи 3-0 над Фрајбург.
За екипата од Бирмингам ова е само трет европски трофеј во клупската историја, но и прв по 1982 година, кога триумфираа во Европскиот куп, пандан на денешната Лига на шампиони, како и во европскиот Супер куп истата година.
Астон вила го најави триумфот уште во финишот од првото полувреме, кога Тилеманс погоди во 41-вата минута, а Буендија длабоко во судиското продолжение зголеми на 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Роџерс во 58-мата минута.
За тренерот на Астон вила, Унаи Емери, ова беше вкупно петти трофеј од Лигата на Европа, а до него дојде со трета различна екипа, откако претходно славеше и со Севиља (трипати) и со Виљареал.

