Шкендија имаше историска сезона на европска сцена, но дома остана без трофеј, откако по титулата, загуби и во финалето од Купот на Македонија со 1-0 од Силекс.
„Мислам дека одлучи една наша грешка во одбрана. Силекс ја искористи истата. Имавме ние ситуации и пред и по тоа. Но по тој гол имавме многу мала шанса да се вратиме во игра. За нас Решат Рамадани, Бесарт Ибраими и Вебстер се многу важни играчи. Ние во последниот период загубивме многу важни играчи. Момент го реши мечот. Ние до примениот гол бевме доминантни.“ – рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
Тренерот на тетовци беше запрашан и за потегот на неговите фудбалери да не ги примат сребрените одличја, но и за исвиркувањето на химната на Република Македонија пред мечот.
„Не би сакал да ја коментирам ситуацијата со исиркувањето на химната. Не е тоа моја работа. Зошто не ги земавме медалите? Мислам дека е повеќе техничка грешка, играчите не беа на местото во тој момент.“ – додаде Беќири.

