Освен мечевите во ЛШ, возбудувања ќе има и во Шпанија, Англија и Холандија

1301 Бетис – Хетафе (19 ч.)

Домаќинот е фаворит за победа, но има една традиција според која никако не треба да се очекува многу погодоци на овој дуел. Хетафе е тимот кој најчесто игра мечеви со не повеќе од два гола во Шпанија. Тимот од мадридското предградие на 12 од последните 15 меча во првенството (ланската сезона, плус четирите дуели од тековната сезона) игра со максимум два погодока.

Иста е традицијата и кога ќе се видат меѓусебните дуели на овие два тима. На девет од последните 10 средби немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.72)

 

6009 ПСЖ – Жирона (21 ч.)

Историски меч за Жирона, клуб кој дебитира во Лигата на шампионите. ПСЖ кога игра дома, фаворит е и против многу посилни ривали, па јасно е дека „кецот“ е многу веројатна опција.

Иако го загубија Килијан Мбапе, ПСЖ во првите четири меча од новата сезона е перфектен и само победува, а вкупно даде 16 погодоци (просек 4 на натпревар). Жирона игра отворено, сака да напаѓа и тука може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.84)

 

1126 Ковентри – Тотенхем (21 ч.)

Дуел во 16-финалето на Лига купот на Англија и се знае дека гостите се фаворити. Ковентри има само една победа во пет меча во Чемпионшип, но фактот дека играат дома, и тоа против еден тим од елитната лига, може да биде мотив повеќе да се обидат да стигнат до изненадување.

Тотенхем лошо започна во Премиер лигата и освои само четири бода од четири меча, па триумф во Лига купот треба да делува добро за враќање на самодовербата.

Предлог тип: 2&2-4 (2.25)

 

6011 Бриж – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Бриж лошо ја почна сезоната и немаше победа во првите четири меча, но потоа нареди четири триумфи по ред, што значи дека домаќините се полни со самодоверба. Борусија игра стандардно добро и ја има улогата на фаворит.

Овие два тима играа четирипати во ЛШ во последниве шест години и Милионерите имаат три победи, а еден дуел завршил нерешено. Бриж на тие четири средби нема дадено ниту еден гол.

Предлог тип: 1-2 I 1-2 II (2.60)

 

1630 Ајакс – Фортуна Ситард (20 ч.)

Ајакс има победа и пораз во двата меча што ги одигра во домашното првенство, а на дуелот против Фортуна, холандскиот гигант сигурно ќе бара освојување на три бода.

Традицијата максимално е на страната на Ајакс, кој има 12 победи и само три ремија во последните 15 дуели со овој ривал. Сепак, минатата сезона Фортуна двапати одигра нерешено и гостите ќе се обидат третпат по ред на останат непоразени, што ќе биде многу тешко.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (1.68)

- Оглас -

Најнови вести