Освои прво злато за Филипини и од државата доби куќа, многу пари, а една награда е посебно интересна

Хидилан Дијаз е хероината на Филипини. Дијаз во дигање товар успеа да стигне до златниот медал, што е прв во историјата на Филипини. Како награда за овој успех, спортистката доби доживотно бесплатно патување со авион.

„Сакаме сите Азијци да веруваат дека може да успеат. Хидилан е пример дека со големо срце, истрајност и желба може да се постигне тоа што се сака, без разлика на тоа колку голем товар требаше да крене“, вели Стив Даилсан, портпаролот на компанијата „Аир Азија Филипини“.

Низ историјата на Олимписките игри, спортисти од Филипини освојувале сребрени и бронзени медали, но ова е прво злато за оваа земја. Властите во Филипини на Дијаз и подарија нова куќа и парична награда од 660.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести