Освои само два бода во последните осум кола и затоа доби отказ

Келн загуби од Мајнц на свој терен со 2:3 и тоа беше крај на шансите за тренерот Маркус Гистол, кој доби отказ. Вчерашниот дуел беше со многу возбудувања и пресврти, а на крајот Келн повторно остана без бодовите.

Мајнц поведе со 1:0, а домаќините израмнија на 1:1 на полувреме. На почетокот на вториот дел Келн поведе со 2:1, но само четири минути имаше предност. Мајнц израмни на 2:2, а гостите направија целосен пресврт со гол во 90+1 минута. Ова беше дуел на две екипи кои се борат за опстанок, а Келн со три бода ќе беше пред директниот ривал, но сега Мајнц има дури пет бода повеќе.

Келн е без победа дури осум кола (шест порази и две нерешени), па со 23 бода падна на претпоследното место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести