Освоивме историски сет, но „Дедо Мраз“ не ни даде подарок победа

Македонската одбојкарска репрезентација е поразена од Финска со 1-3 во сетови, во првото коло на Европското првенство за мажи.

Избраниците на Никола Матијашевиќ во првите два сета се држеа добро, имаа и предност, но во решавачките моменти не се снаоѓавме, па ги губевме со 23-25 и 22-25. Барем еден од тие два сета против поискусниот противник да им припаднеше на „црвено-жолтите“, ќе беше многу полесно.

Третиот сет е историски за македонската одбојка бидејќи е прв освоен на едно ЕП. Резултатот беше 25-23 и сето ова покажува колку беше изедначен мечот.

Четвртиот сет повторно го освои Финска, која постојано го контролираше резултатот, држеше водство и го задржа до крај.  Никола Георгиев, Николов, Милев, Љафтов и Маџунков беа со двоцифрен број поени во македонската репрезентација, но освен нив, немаше други расположени играчи.

Во другиот меч од групата во Љубљана, Русија ја совлада Турција со 3-1, а вечерва играат Словенија и Белорусија. Утре, од 17.30 часот, Македонија се среќава со Турција и ќе имаме улога на аутсајдери.

- Оглас -

Најнови вести