Линда Голдблум е несреќната жена која почина откако на трибина беше погодена со топче за бејзбол. Во септември минатата година, 79-годишна жена решила да го гледа дуелот Лос Анџелес доџерс – Сан Диего падрес и на тој начин да го прослави роденденот, но и 59 години од бракот. На трибините била заедно со своите најблиски од семјеството.
За жал, Линда била погодена со топче, а од ударот заработила трауми на мозокот и „акутно интракранијално крварење, па неколку месеци подоцна починала. Надлежните институции потврдиле дека ударот од топчето бил фатален.
„Многу ни е жал за трагичната смрт на госпоѓа Голдблум“, стои во соопштението на ЛА доџерс. Топчето ја пробило заштитната ограда и ја погодило жената директно во глава.
Ова е прва смрт на трибините на бејзбол меч во Лос Анџелес по пауза од речиси 50 години. Во 1970 година, 14-годишното дете Алан Фиш исто така беше погоден со топче во главата на меч на Доџерс. Детенцето починало четири дена по ударот.