Откако Дончиќ потпиша договор вреден 207 милиони долари, доби порака од соиграчот: Врати ми ги парите

Лука Дончиќ потпиша неверојатен договор според кој ќе заработи 207 милиони долари за петгодишна верност со Далас маверикс. Ниту еден кошаркар немал ваков договор каков што доби Дончиќ, кој прослави со забава на која пееше хрватската пејачка, Северина.

Запрашан што ќе прави со толку пари, Лука со насмевка изјави дека уште не испланирал како ќе ги троши парите, а потоа следуваше реакција од Џеј Џеј Редик, кој минатата сезона играше во Далас. „Должен си ми 1.700 долари од играње крти. Те молам да ми ги исплатиш парите“, напиша Редик.

Во коментарите на твитор на Редик се додаде и еден друг кошаркар. Џелејн Брунсон додаде дека Дончиќ му должи 1.500 долари од играње карти.

 

- Оглас -

Најнови вести