Откако ја одби понудата од клубот – Великаните ќе се „тепаат“ за играчот на Лестер

Јасно е дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе бидат главните трансфер мети во следниот преоден рок, но голем ќе биде интересот и за Јури Тилеманс.

Одличниот играч на Лестер од средината на теренот одби да ја продолжи соработката која истекува наредната сезона, па така тој ќе биде ставен на трансфер пазарот.

Голем број на клубови се заинтересирани за неговите услуги, од двата тима во Манчестер, Челзи, Барселона, Реал Мадрид, а се споменува дури и ПСЖ. Медиумите во Англија велат дека Лестер би прифатил понуда од 50 милиони евра, со оглед на тоа дека неговиот договор истекува на крајот од наредната сезона.

24-годишниот Белгијанец во Лестер дојде од Монако во 2019 година и од тогаш има забележано 92 настапи и постигнато 14 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести