Откако си замина Жоао Феликс, Атлетико од минус 11 дојде на минус два во однос на Реал Мадрид

Атлетико Мадрид со победата над Рајо Валјекано дојде само на два бода негатива зад Реал Мадрид и се најавува голема мадридска битка за утрешното второ место во шпанското првенство.

А, пред 12 кола такво нешто беше незамисливо бидејќи Јорганџиите беа на 11 бода негатива зад Кралскиот клуб. Атлетико освои 30 бода од максималните можни 36 во последните 12 рунди и веќе му дише во врат на Реал, кој е фокусиран на одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

Што се случи што Атлетико вака напредува? Се ослободија од Жоао Феликс. Скапо платениот Португалец во јануари беше позајмен во Челзи, а случајно или не, сега таму прави малер и Сините од Лондон не може глава да кренат од порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести