Откажан натпревар од Лигата на шампионите!

На само два часа пред почетокот на натпреврот, УЕФА донесе одлука да го откаже натпреварот помеѓу Дрита и Линфилд од претквалификациите за Лигата на шампионите. Играчи на косовскиот првак биле позитивни на корона-вирус, па УЕФА не сакаше да ризикува и објави дека овој меч нема да се игра.

Целиот тим на Дрита мора да оди во карантин. Пред поаѓањето во Швајцарија, сите играчи на Дрита биле негативни, но во меѓувреме, во петокот тестирањето покажало дека двајца се позитивни.

Иако тоа нема да биде популарен потег, за очекување е првакот на Северна Ирска со службена победа да оди во првото коло од квалификациите.

 

- Оглас -

Најнови вести