Поради одлуката на клубовите, откажани квалификациите за СП 2022

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) одлучи да ги откаже мартовските квалификации за Светското првенство во Катар и засега не се знае кога ќе се играат тие средби. Оваа одлука е донесена откако многу европски клубови одбија да ги пуштат своите фудбалери за репрезентативните обврски, па поради неможноста селекциите да играат во своите најдобри состави, одлучено беше квалификациите да се одложат.

ФИФА во соработка со КОНМЕБОЛ ќе се обиде да најде нови термини за одигрување на мартовските дуели, а можно е да има и промена во системот на квалификации.Оваа одлука им дојде одлично на јужноамериканските ѕвезди кои играат во Европа, затоа што сите тие добија неколку дена екстра одмор, што е одлично посебно што сега распоредот е многу згуснат.

Квалификациите во Јужна Америка за пласман на Мундијалот во Катар започнаа во октомври минатата година, а по четири одиграни кола, моментно на позициите кои водат пласман на планетарниот собир се Бразил, Аргентина, Еквадор и Парагвај.

Проблем ќе имаат и европслите селекции кои имаат репрезентативци што играат во Англија затоа што клубовите од Островот најавија дека нема да ги пуштат играчите кои по враќање во земјата ќе мора да одат во карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести