Во историјата на фудбалот не се памти вакво неверојатното промашување (Видео)

Канада за прв пат по 36 години обезбеди место на Светското првенство, но тоа дефинитивно е благодарение на фудбалерите кои играат во странство, затоа што лигата во оваа земја не е на високо ниво.

Ретки се вестите поврзани со канадскиот фудбал, а тоа што се случи на дуелот Валур – Халифакс Вондерерс  е за неверување. Домаќините беа во напад, еден од фудбалерите успеа да ја протне топката покрај голманот и таа се тркалаше кон празната мрежа.

Во тој момент кон топката натрча друг домашен фудбалер кој сакаше да го потврди голот, но наместо во мрежата, топката ја шутна на таков начин што таа не влезе во голот. Сите на теренот беа во неверување, но судијата потврди дека топката не ја помина гол линијата со цел обем.

За среќа на домашните навивачи, Валур во 84 минута даде гол и на крајот победи со 1:0, но дуелот ќе се памти по неверојатното промашување.

 

- Оглас -

Најнови вести