Откриена мистеријата како снимателите на пикадо натпреварите знаат кое поле да го снимаат (Видео)

Светското првенство во пикадо беше вистинска атракција за љубителите на спортот во целиот свет и се уште не стивнуваат реакциите. Гледачите пред малите екрани беа вчудоневидени од преносите и како се тоа изгледаше. Реализаторите и снимателите беа на висина на задачата, но остана мистерија како однапред знаеја кое поле ќе го гаѓаат натпреварувачите и тука да биде фокусот.

Таа мистерија е откриена, бидејќи британците не оставаат ништо на случајноста и имаа специјално задолжени луѓе кои им даваа насоки на реализаторите и снимателите на што треба да се фокусираат. Нивната титула е „спотер“, тие ги анализираат движењата на натпреварувачите и нивниот поглед, но и ги пресметуваат поени што им е потребно во моментот да погодат.

Секако, и тука се можни грешки, но пред се поради промашувањата на натпреварувачите.

- Оглас -

Најнови вести