При доделувањето на медалите на Олимписките игри во Париз, публиката забележува дека спортистите кога ги добиваат медалите на подиумот, добиваат и долга и тенка картонска кутија.
Не може да се види што има и во таа мистериозна кутија во рацете на медалистите, а ова е нешто ново, не е видено на претходните ЛОИ. Олимпијците обично добиваат некаков талисман, цвеќе, или мал подарок, но овој пат – кутија.
Организаторите открија дека во кутијата има постер специјално направен од француски уметник за КОИ во Париз. Уметникот Хуго Гатони ги наслика сите главни знаменитости на Париз на еден џиновски стадион. Ајфеловата кула е осветлена со натписот „XXXIII Олимпијада“ – бидејќи ова е 33-то издание на Игрите.