Откриена причината зошто Стерлинг ја напушти репрезентацијата и итно се врати во Англија

Англиската фудбалската федерација, неколку часа пред осминафиналната пресметка против Сенегал, соопшти дека Рахим Стерлинг морал да ја напушти репрезентацијата и да се врати во татковината поради семејни проблеми, а вечерва медиумите од Обединетото Кралство ја открија вистинската причина.

Таблоидот „Сан“ објави дека крадци влегле во куќата на Стерлинг во Лондон и од неа украле доста скапоцени сувенири и накит. Наводно, кога крадците влегле, во куќата имало роднини на фудбалерот на Челси кои биле потресени од целиот случај.

„Од куќата е однесено буквално сè што крадците можеле да најдат, а имало вредност. Се чини дека овој грабеж бил добро испланиран“, изјави неименуван извор од Метрополитен полицијата за англиските медиуми.

Засега не е познати дали и кога Стерлинг ќе се врати во Катар и ќе му се стави на располагање на селекторот Герет Саутгејт. Англија вечерва со 3:0 го совлада Сенегал и си закажа четвртфинална мега пресметка со Франција. Натпреварот треба да се игра идниот викенд.

- Оглас -

Најнови вести