Откриени платите на фудбалерите во Ливерпул: Салах има двојно поголема плата од Мане

Мохамед Салах е најплатениот фудбалер во составот на Ливерпул, открива британскиот таблоид „Сан“. Египетскиот голгетер на годишно ниво добива 12 милиони евра, а интересно е дека зад него по заработена плата е Тијаго со 11,5 милиони евра по сезона.

Меѓу најплатените во Ливерпул се Фирмино и Ван Дајк со по 10,7 милиони евра годишно, а потоа следуваат Хендерсон и Милнер со по 8,3 милиони евра.

Тоа што е неверојатно е платата која ја добива Садио Мане. Иако со Салах се прва опција во нападот, Мане е далеку од најплатените фудбалери. Тој добива точно двојно помала плата од Салах, односно шест милиони евра. Меѓу оние кои финансиски се потценети, а на теренот играат одлично се уште и Робертсон со три милиони евра, додека Александер-Арнолд годишно заработува скромни 2,3 милиони евра по сезона во Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести