Откриено „дувло за наместени мечеви“ во Чешка

Потпретседателот на чешката фудбалска федерација, Роман Бербр е еден од дваесетината уапсени кои се осомничени дека учествувале во скандал со наместени мечеви во оваа земја. Покрај Бербр меѓу уапсените има и членови на судиската организација и неколку високи функционери.

Се работи за сомнеж за наместени мечеви во пониските лиги во Чешка.

„Фудбалската федерација дава максимална соработка на чешката полиција и чека дополнителни информации. Полицијата изврши претрес во неколку места за да соберат информации и потребни докази“, вели портпаролот на чешката фудбалска федерација, Михал Јуман.

- Оглас -

Најнови вести