Откриено е колку точно килограми има новата ракометна ѕвезда од Конго!

Готје Мвумби дефинитивно е ѕвездата по првиот дел од Светското ракометно првенство во Египет. Пикерот на ДР Конго успеа од тотален анонимец, да се стекне со светска слава, и тоа поради две причини. Мвумби изгледа премногу дебело, но со игрите на теренот покажа дека може да се носи и со најдобрите.

Во трите меча кои ги одигра, пикерот на ДР Конго даде вкупно 13 гола од 14 обиди, односно само еднаш успеа да промаши. На синоќешниот меч против Бахреин,  Мвумби одигра само девет минути, но тоа му беше доволно да даде пет гола од исто толку шута. И со толку малку време поминато на теренот, на крајот пикерот ја доби наградата за МВП на мечот, иако неговата селекција загуби со 34:27.

Мвумби игра во француски четвртолигаш, но за него дозна и легендарниот кошаркар Шекил О’Нил кој лично упати честитки за играта на дебелкото.

Кога првпат се појави на Мундијалот, сите се чудеа колку килограми има Мвумби, затоа што зачудувачки беше фактот дека во официјалата промоција за сите играчи, стоеше дека пикерот на ДР Конго има само 89 килограми.

Од Франција конечно дојде потврда дека Мвумби е тежок дури 137 килограми, но и покрај неговата тежина, успеа да се запише меѓу ракометарите кои добиле признание за најдобар играч на меч на планетарниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести