Откриено зошто фудбалерот доби табли јајца како награда за неговите игри

Замбискиот фудбалер Кенеди Мусонда Пауер Динамос„преку ноќ“ стана светска ѕвезда благодарение на наградата која ја доби за своите игри во првиот дел од полусезоната во домашното првенство. Мусонда е дел од тимот на Пауер Динамос со 37 бодови од 19 одиграни средби, во кои постигна 10 голови.

За своите добри игри, Мусонда беше награден со неколку табли јајца, што за многумина беше збунувачки. Сепак, сите двоумења и чудења за оваа награда беа решени откако беше откриено дека голгетерот тие јајца ќе ги подели во најсиромашното село во Замбија за да може тие луѓе барем на кратко да заборават на гладот што го имаат.

 

- Оглас -

Најнови вести