„Откритие“ на Хрватите – Марадона бил со хрватско потекло!

Хрватските медиуми објавија дека починатата фудбалска легенда Диего Армандо Марадона по потекло бил Хрват. Откако потсетија дека Марадона има ќерка Далма (наводно ја крстил по областа Далмација во Хрватска, иако и мајката на Диего се викаше Далма) и дека беше на гробот на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, сега отидоа чекор подалеку со тврдење дека Марадона бил Хрват по потекло.

Фејсбук-страницата „Култура Кроата“, која одржува контакт со иселениците во Јужна Америка, му напиша проштална порака на Марадона во која спомнува интересни работи.

„Збогум хрватски потомецу. Неговиот прадедо по мајка беше Матеј Кариолиќ, роден на Корчула. Тоа е островот на кој е роден и Марко Поло. Матеј се преселил во Аргентина и го добил името Метју Кариолиќ, а ќерка му Салвадора се омажила за Рамон Франко и од тој брак е родена мајката на Диего, Далма. Почивај во мир идолу, легендо, напишаа администраторите на Хрватска култура.

Дека Диего има хрватски корени, потврдиле и некои претставници на хрватската заедница во Росарио, кои нашле податок дека во 1895 година, во Аргентина имало рудар со име Матео Кариолиќ. Неговата внука добила име Далма кое во тоа време било вообичаено за Далматинците во Аргентина.
- Оглас -

Најнови вести