Отпатуваа да играат во Лигата на Европа, сега не смеат да излезат од хотелот и ќе добијат службена елиминација

Фудбалската експедиција на Железничар од Сараево неславно пристигна во Израел, каде што утре треба да го игра мечот против Макаби Хаифа во квалификациите од Лигата на Европа. Пред да отпатуваат во Израел, шестмина фудбалери на босанскиот тим не заминаа затоа што беа позитивни на тестирањето за корона-вирусот.

По пристигнувањето во Израел, сите од гостинскиот табор биле тестирани од израелското здравство и било утврдено дека уште петмина се позитивни на опасниот вирус. Поради тоа, фудбалерите на Железничар не смеат да излезат ниту од хотелот, а нормално не го одработија ни тренингот.

Според сите најави, гостите ќе бидат службено елиминирани од Лигата на Европа, а Макаби веќе може да го чека следниот ривал во ова натпреварување на УЕФА. Сепак, од УЕФА уште нема официјална одлука дали утрешниот меч ќе се игра или не.

Вкупно 36 меча од квалификациите на Лигата на Европа има закажано утре низ цела Европа и на сите може да се обложите во Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести