Отпишаните се вратија, Једвај ја врати Хрватска во игра за првото место

Тин Једвај ја крена на нозе публиката на „Максимир“, а Хрватска е на прагот да приреди вистинско чудо во четвртата група од Сегментот А во Лигата на нациите.

Вечерва со голот на играчот на Баер Леверкузен во последните моменти ја победија Шпанија со 3-2 во Загреб и од потполно отпишани, можат да бидат први во својата група.

Шпанците можат да бидат најголеми губитници, бидејќи со два порази по ред, дома од Англија и на гости со Хрватска, речиси сигурно нема да бидат први во својата група, иако тоа изгледаше како сигурен епилог.

Крамариќ со гол во 54-тата минута ја најавија голеадата во второто полувреме, откако во првиот дел немаше погодоци. Потоа Себалјос израмни на 1-1, па Једвај со гол ја врати предноста на домаќините.

Серхио Рамос повторно израмни со гол од пенал, а јунакот на Хрватска, Једвај со втор гол на мечот во 93-тата минута ја доведе својата репрезентација на прагот на фудбалско чудо.

Коцкестите беа пред испаѓање во Сегментот Б, бидејќи имаат дебакл од Шпанците со 0-6 на гости, имаа само еден бод пред вечерашниот меч, но сега со победа против Англија би биле први.

Шпанија ја заврши фазата по групи како моментен лидер со 6 бодови, но на „Вембли“ за три дена ќе се крои врвот на табелата.

Англија и Хрватска имаат по 4 бода, пред нивниот дуел и победникот ќе биде прв во групата и ќе продолжи да бие битка за првиот шампионски пехар во Лигата на нациите.

Само реми на „Вембли“ ја остава Шпанија на првото место во групата.

Супер успех постигна и селекцијата на Босна и Херцеговина со реми против Австрија. Босанците се први, ќе продолжат во полуфиналето во Сегментот Б, а и се пласираа во највисокиот ранг во Лигата на нациите.

Резултати:

А Сегмент – Хрватска – Шпанија 3-2, Белгија – Исланд  2-0

Б Сегмент – Австрија – БиХ 0-0

Ц Сегмент – Грција – Финска 1-0, Унгарија – Естонија 2-0

Д Сегмент – Казахстан – Летонија 1-1, Андора – Грузија 1-1, Луксембург – Белорусија 0-2, Сан Марино – Грузија 0-1.

 

- Оглас -

Најнови вести