„Отровни стрели“ од Мурињо: Крајот на оваа Лига беше познат уште пред да започне сезоната

Фенербахче синоќа на свој терен загуби од Бешикташ во истанбулското дерби со 1:0 и на тој начин оваа екипа остана само со теоретски шанси да се бори за титулата во турското првенство. Екипата предводена од тренерот Жозе Мурињо имаше многу повеќе иницијатива, напаѓаше, но Бешикташ на крајот се радуваше на триумф.

На четири кола до крајот, Фенербахче сега заостанува дури осум бода зад лидерот Галатасарај, а Мурињо повторно вината за неуспехот ја наоѓа во некој друг.

„Цела сезона ништо се нема сменето во Лигата. Моите играчи даваат максимум на теренот. За жал, некои од нив денеска не беа добри. Овој меч не беше одлучувачки за нас. Имаше чист пенал кој требаше да биде во наша корист, но наместо тоа, беше досуден контра нас. Тоа се случува во текот на целата сезона. Мислам дека не заслуживме да загубиме. Направивме многу шанси и требаше да победиме. Според мене, исходот на оваа сезона во Лигата на Турција беше одреден уште пред да започне првенството. Секако, бодовите кои ги загубивме на домашен терен во последните неколку меча се одлучувачки во смисла на конечната одлука. Крајот на оваа лига беше познат уште пред да започне“, рече Мурињо по поразот на Фенербахче од Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести