Отвореното првенство на Австралија е во тотален хаос откако еден од најважните директори си поднесе оставка

На околу три седмици од стартот на Отвореното првенство на Австралија, организаторите се во целосен хаос.

Директорот за биобезбедност, Том Мекдауел си поднесе оставка откако почнаа да пристигнуваат голем дел од тенисерите.

Во услови на пандемија, ова е една од најважните позиции, бидејќи задачата на Мекдауел беше да го надгледува карантинот на тенисерите, како и евентуална заразеност меѓу нив за време на турнирот и спроведување акции.

Мекдауел ги известил организаторите дека се повлекува од оваа позиција, а покрај него, оставка си поднеле и остатокот од неговиот тим.

Останува да се види како сето ова ќе се одрази врз организацијата на првиот гренд слем во годината, и дали оставката на оваа позиција ќе се одрази врз тоа дали ќе има голем број на новозаразени за време на турнирот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести