Ова би било огромен удар за Барселона, налето мора да го продаде „недопирливиот“ Педри?!

Шпанскиот репрезентативец и бисер на каталонскиот тим, Педри, би можело да биде нова жртва поради хаосот во Барселона.

Иако младата ѕвезда до неодамна го имаше статусот на „недопирлив“, поради финансиските проблеми и одлуката на Ла Лига да ѝ го намали буџетот за плати за следната сезона на Барселона, Педри ќе биде ставен на трансфер-листата за летниот преоден рок, пишува весникот „Ас“.

Но, според „Ас“, финансиите не се единствена причина за ваквата одлука, туку и честите повреди на Педри.

Најголем фаворит за ангажман на Педри е Баерн Минхен, кој налето планира да направи мини реконструкција на екипата и со нов тренер да атакува на титулите во следната сезона.

Сепак, оваа вест треба да се земе со резерва бидејќи ја лансира медиум од Мадрид кој важи за близок до Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести