Ова би било силен удар за Фулам и неговите навивачи, најлутиот ривал сака да им да го купи Митровиќ

Ако ги прашате навивачите на Фулам кој клуб најмногу го мразат, најголем број од нив ќе ви одговорат Челзи.

Затоа, ако се остварат шпекулациите дека Сините сакаат летово да го купат првиот стрелец на Фулам, Александар Митровиќ, тоа би се сметало за големо предавство и силен удар врз клубот.

Челзи потроши премногу пари на засилувања, но тоа не дава никаков резултат, Челзи се мачи, па можеби газдата малку се свести и ќе ја смени тактиката на трансфер-пазарот. Сините, кои летоска и во јануари не прашуваа за цена, туку само купуваа, се заинтересрани и за Виктор Осимен од Наполи, но 28-годишниот Митровиќ им е примамлив затоа што е поевтина варијанта и плус е навикнат на Премиер лигата и животот во Лондон.

Договорот на Митро-гол со Фулам е до летото 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести