На натпреварите од НБА-лигата редовно гледаме потези за восхитување, но понекогаш знаат да се појават и непријатни моменти.
Таков еден се случи на средбата меѓу Шарлот хорнетс и Хјустон рокитс, каде што играчот на гостите, Кристијан Вуд, со топка „нокаутира“ навивачка на трибинте.
Вуд се обиде да одигра долг пас до еден од своите соиграчи, но тој беше непрецизен, а баскетот заврши во главата на една навивачка, која во тој момент поминуваше.
По неколку мига, таа закрепна и од публиката доби овации.