Ова е формулата по која Серија А можеби ќе го пресмета пласманот: Pt(x) + [(mpc t(x) x c t(z-x)) +(mpf t(x) x f t(z-x))]

Италијанската Серија А продолжува на 20-ти јуни, а фудбалската федереација има и Планови Б и Ц, доколку првенството сепак не може да биде завршен на регуларен начин. План Б е играње на плејоф, а претставен е и План Ц, кој е алгоритам, и математичка формула ако не може да се исполнат првите два плана.

Местата на табелата ќе се одредат вака: Pt(x) + [(mpc t(x) x c t(z-x)) +(mpf t(x) x f t(z-x))].

Делува многу компликувано, а објаснувањето е следно: Pt е вкупен број на бодови, mpc просек на бодови освоени дома, c t(z-x) колку мечеви им останаа да играат дома, mpf t (x) е просечен број на бодови освои на гости, додека f t (z-x) е колку меча останаа да играат на гости.

За оваа формула да би се применила, мора да се одиграат уште барем три кола. Ако се користи овој алгоритам, нема да се прогласи првак, туку ќе се одредат претставниците во евро-куповите и кои тимови ќе испаднат.

 

- Оглас -

Најнови вести