Ова е можно само во Шериф: асистенција на Кристијано, гол на Адама Траоре!

Молдавскиот Шериф Тираспол, кој е дебитант во групната фаза од Лигата на шампионите во фудбал, има водство од 1-0 по првото полувреме, и има шанса да стане првиот тим по Лестер од 2016 година, кој триумфирал на дебитантскиот меч во ЛШ.

Интересно е што голот за Шериф го даде фудбалер со познато име и презиме Адама Траоре, а асистент беше уште попознато име, Кристијано. Стрелецот за Шериф не е Шпанецот од Вулверхемптон, туку играч од Мали, додека неговиот асистент е фудбалер од Бразил.

Нашиот репрезентативец Бобан Николов, се наоѓа на клупата за резерви, и ќе чека шанса да влезе во второто полувреме.

Во другиот меч кој почна во 18.45 часот, Борусија Дортмунд со головите на Белингам и Халанд, води со 2-0 на гостувањето кај турскиот првак Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести