Ова е убедливо најбизарниот ас на тениски меч во последните години (Видео)

Американскиот тенисер Рајли Опелка со огромна помош на ветерот успеа да го отсервира најчудниот ас кој е виден во последно време. Опелка на турнирот во Есторил играше со Гаел Монфис и на свој сервис се спасуваше во вториот сет, а доби помош од ветерот, кој го измами Французинот, па судијата мораше да пресуди дека е поен за Американецот.

На Монфис не му остана ништо друго освен да се насмевне бидејќи знаеше дека станува за виша сила, а не за некој претерано добар сервис на противникот. Монфис воопшто нема да се лути бидејќи и покрај овој несреќно загубен поен, го доби мечот. Всушност, гејмот загубен со овој бизарен поен беше последниот кој Монфис не го доби на мечот бидејќи откако го доби вториот дел со 6-4, третиот сет го зеде со 6-0.

- Оглас -

Најнови вести