Ова е појако и од циркусот на Нејмар – Рудигер со смешна глума ја отвори трката за Оскар во 2023 година (Видео)

Стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, е мета на потсмев и на сеир на социјалните мрежи, откако невешто сакаше да одглуми пенал на дуелот со Вилјареал.

Жолтата подморница го победи Реал со 2:1 во возбудлив меч, а германскиот репрезентативец во финишот на мечот падна како дух во шестнаесетникот.

Имаше дуел со Дани Парехо, но Рудигер падна како покосен по 10-15 секунди, а околу него во тој момент немаше никој.

За да биде глумата уште полоша Рудигер се фати за градите за да одглуми груб фаул за пенал.

Судијата Градо не наседна и не досуди пенал за Реал, што ќе беше втор за Кралскиот клуб на дербито на 16. коло во Ла Лига.

Вилјареал со головите на Пино и на Морено од пенал го победи Реал, а почесниот погодок за Кралскиот клуб го даде Бензема исто така од пенал.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести