Ова е Сикорски С-76Б, хеликоптерот во кој Коби Брајант го загуби животот

Компанијата Локхид Мартин која е производител на хеликоптерот „Сикорски С-76Б“ кој се запали и урна, убивајќи девет лица меѓу кои и кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка, активно ќе се вклучи во истрагата околу причините за несреќата во близина на Лос Анџелес.

На Коби му пречеше сообраќајниот метеж низ улиците на Градот на ангелите, и уживаше да се вози со хеликоптер, за да ги избегне гужвите.

Хеликоптерот кој го користеше Коби е специјализиран за пренесување на ВИП личности, како и за спасувачки акции во непристапни предели. Ваков хеликоптер меѓу другите, користат и претседателот на САД, Доналд Трамп, и британското кралско семејство. Исто така и шпанската и јапонската армија имаат вакви летала.

Капацитетот е максимум 12 патници и двајца пилоти, долг е 16 метри, тежи 2 тона и може да лета со брзина до 287 километри на час и на висина од максимум 4.200 метри. Хеликоптерот кој Коби го изнајмуваше за 2.000 долари од едно патување имаше и прекар: Мамба Чопер.

- Оглас -

Најнови вести