Ова е составот кој за последен пат ќе биде предводен од капитенот Пандев!

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи да ја смени формацијата со четворица дефанзивци и повеќе офанзивни играчи во почетниот состав и ќе се обиде да избори позитивен резултат против фаворизираната Холандија во мечот од третото коло во групната фаза.

Горан Пандев за последен пат како капитен ќе ги предводи Рисовите со надеж дека ќе биде испратен со победа, како што заслужува нашата фудбалска икона која ни го обезбеди историскиот пласман на ова Европско првенство.

Пандев ќе биде придружен од Тричковски и Трајковски во нападот, средината е позната со Елмас, Барди и Адеми, а дефанзивната четворка пред голманот Димитриевски се Алиоски, Муслиу, Велковски и Ристовски.

Македонија(4-3-3): Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Велковски, Ристовски, Адеми, Барди, Елмас, Трајковски, Тричковски и Пандев.

Холандија(5-3-2): Стекеленбург, Де Лихт, Де Вреј, Блинд, Дамфрис, Ван Анхолт, Де Јонг, Вајналдум, Гравенберч, Мален и Депај.

- Оглас -

Најнови вести