Евролигашот Црвена ѕвезда во целата претходна сезона во АБА-лигата имаше само еден пораз, а сега во три кола веќе има два. Вечерашниот од Крка во Ново Место беше шокантен, па Милан Томиќ ги загуби нервите и беше многу разочаран.
После натпреварот, Томиќ изјави дека нешто мора да се менува, а навивачите сметаат дека тој е првиот на којшто треба да му се покаже излезната врата.
На последниот тајмаут, откако Јошило погоди тројка за 76-73, Томиќ на своите играчи им се обрати со зборовите: „Играјте што сакате“ и нервозно стана од столчето, давајќи сигнал дека нема намера да комуницира со своите ученици. Играчите беа збунети, но Томиќ тука го заврши говорот.
Легендарниот тајмаут можете да го погледнете на овој линк: