Кошаркарите на Црвена ѕвезда денеска ги имаа неопходните лекарски тестови пред почетокот на подготовките за новата сезона, а таму за првпат во опрема на Ѕвезда се појави ветеранот Милош Теодосиќ.
Теодосиќ во дрес на Ѕвезда е нешто што фановите на овој клуб го чекаа долго. Тео ќе биде големо засилување за тимот кој доби вајлд-карта за настап во Евролигата. Клубот донесе повеќе нови играчи, некои од нив како Унгарецот Ханга и Русинот Боломбој ја имаат освоено Евролигата, но навивачите најмногу се радуваат кога го гледаат нивниот миленик Теодосиќ со црвено-бело.