Ова го има само на Галатасарај-Фенербахче: Факли паѓаа од небо (Видео)

Галатасарај и Фенербахче синоќа одиграа меч без голови во големото истанбулско дерби. Двете екипи имаа шанси за погодок, но ремито како најмногу да им одговараше, па останаа непоразени во новата сезона од турското првенство.

Во меч на кој немаше погодоци, а се играше и без публика, сепак, навивачите повторно беа во центарот на вниманието. Иако поради пандемијата со корона-вирусот не е дозволено влез на стадионите во Турција, фановите најдоа начин како да бидат декор од дербито.

Најверните фанови смислија начин како да испратат сигнал дека се пред стадионот, па запалија неколку светлечки ракети, а дел од нив успеаја да го најдат патот директно до стадионот и на крајот да завршат на теренот додека фудбалерите играа.

 

- Оглас -

Најнови вести