Ова го може само тим на Гвардиола, Сити за пет минути имаше 96 проценти посед на топката!

Манчестер сити славеше со 4-3 на гостувањето кај Њукасл во меч кој мнина во знакот на Феран Торес и Скот Карсон. Младиот Шпанец Торес првпат во клупската кариера направи хет-трик, а ветеранот Карсон бранеше за првпат на премиерлигашки меч после цели 10 години. За Сити ова е 12-та победа по ред на гостински терен што е нов рекорд во англискиот елитен фудбал.

Откако Њукасл поведе со 3-2 во 62-ра минута, Сити набрзина со два гола на Торес направи пресврт и веќе во 66-та беше 3-4. Потоа гостите знаеја како да ја зачуваат предноста, ја контролираа топката, а во еден период од пет минути, новиот првак имаше неверојатни 96 проценти посед на топката.

- Оглас -

Најнови вести