Ова ќе биде ден во којшто ќе доминираат домашните екипи

3531 Динамо Минск – Динамо Брест (19 ч.)

Динамо од Минск е најдобриот тим во досегашниот дел од првенството во Белорусија со осум победи во 10 кола. За разлика од тимот од Минск, Динамо Брест во 10 кола има осум порази и тешко дека ќе може да даде отпор на ова гостување.

Лидерот на табелата во пет меча на домашен терен е со перфектен биланс и 15 освоени бода и тоа треба да продолжи и по оваа средба.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.03)

 

2801 Виборг – Митјиланд (19 ч.)

Меч кој треба да реши кој тим ќе игра во Конференциската лига на УЕФА. За тоа колку се израмнети овие два тима, говори и фактот дека сезонава имаат по една победа и еден дуел завршил нерешено.

На три од последните четири меѓусебни дуели имало барем по четири гола, што е најава за уште еден интересен меч.

Предлог тип: ГГ3+ (1.97)

 

5251 Ал-Итихад – Национална банка на Египет (19 ч.)

Сосема различна е моменталната форма на овие два тима. Ал-Итихад има четири порази по ред, а Национална банка на Египет нареди четири победи во низа. И во една ваква моментална форма, Ал-Итихад има шест бода повеќе од денешниот ривал.

Двете екипи во просек даваат, но и примаат барем по еден гол на меч, па може да се очекува отворен дуел, со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

2858 Шемрок роверс – УЦ Даблин (21 ч.)

Првиот против последниот на табелата во Ирска јасно покажува кој е фаворит. УЦ Даблин во 19 меча има дури 15 порази и дури 45 примени голови, што значи дека овој тим е „топовско месо“.

Шемрок во просек дава по два гола на меч, а прима по еден, што значи дека игра отворено без многу калкулации. Во последните 15 меѓусебни дуели, секогаш победувал Шемрок и најчесто тоа било во дуели со по три или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.01)

 

2601 Хамерби – Бромапојкарна (19 ч.)

Хамерби освои само 13 бода во 12 меча во шведското првенство, па, едноставно, на домашен терен треба да бара освојување бодови. Бромапојкарна е тим кој игра цврсто и досега освои 19 бодови.

Сепак, кога за ривал го имаат Хамерби, Бромапојкарна има четири порази по ред и навистина ќе биде тешко да ја сопрат оваа низа.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.76)

- Оглас -

Најнови вести