Ова момче ќе биде најдобриот фудбалер во светот (Видео)

Шпанија не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство откако на пенали беше елиминирана од Шпанија. Иако не доби шанса да се бори за златото, Црвената фурија на овој турнир доби еден нов квалитетен млад играч.

Педро Гонзалес, или попознат само како Педри, е тинејџерот кој блесна во националниот дрес на Шпанија. Играчот за врска на Барселона одигра фантастично првенство, покажувајќи дека во следните 10-тина години тој треба да биде еден од главните играчи во репрезентацијата.

„Дали приметивте како одигра момчето што има само 18 години а се вика Педри? Така не играше ни Андрес Иниеста на таа возраст. Никогаш досега немам видено некој на големи натпреварувања да игра така на 18 години. Тоа е надвор од секоја логика“, рече селекторот на Шпанија, Луис Енрике.

https://twitter.com/i/status/1412702384514637825

- Оглас -

Најнови вести