Ова не е баш добро за Трајковски, Кубо ќе игра за Мајорка

Големиот јапонски талент Такефуса Кубо сезонава ќе игра за Мајорка, и тоа како позајмен од Реал Мадрид. Ова не е баш поволна вест за македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој летово потпиша за Мајорка, и ќе има мака да обезбеди место во првиот тим бидејќи сега со Кубо уште повеќе се зголемува конкуренцијата на крилните позиции.

Трајковски е дебитант во шпанското првенство и ќе треба да се докажува, а тоа важи и за 18-годишниот Кубо, кој во подготвителниот период покажа дека не попусто го викаат јапонскиот Меси. Тој во минатото беше во Барса, но сега е член на Реал и ако во Мајорка ја добие посакуваната минутажа и собере искуство, веројатно од јули 2020 ќе биде стандарден член на Кралевите и тие нема да имаат потреба да го позајмуваат.

Кубо е трет Јапонец во историјата кој ќе го носи дресот на Мајорка. Дебито можеби ќе го има уште в недела, на дуелот со Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести