Ова не се памети, Црногорец понижи четворица противници (Видео)

Црногорскиот напаѓач Фатос Беќирај во израелската лига направи акција која заслужено стана хит на интернет. Тој во една иста акција, успеа дури на четворица противнички играчи да им ја протне топката низ нозе.

Беќирај е роден во Косово, на почетокот на кариерата играше за клубови од поранешна Југославија, се прослави во Динамо Загреб, а од 2014 година е подалеку од овие простори. Сега е член на Макаби Нетанја, но му остана навиката која ја влече од почетоците, а тоа е некогаш да претерува со дриблинзи. Овојпат на дуелот со Хапоел Бер Шева тоа имаше ефект, воодушевувајќи ги сите на стадионот, а потоа и на социјалните мрежи откако се појави клипот.

Погледнете ја мајсторијата на Беќирај:

https://www.youtube.com/watch?v=Avlx0rVRBG4

- Оглас -

Најнови вести