Ова ни со ВАР не може да се утврди, на чуден начин поништен е гол во Хрватска (Видео)

Многу интересен момент како најава за возбудлив викенд имаше вчера на дуелот меѓу Осиек и Локомотива Загреб.

Извонреден гол на домаќините беше поништен по долго прегледување на моментот од 83. минута со помош на ВАР системот.

Судијата Игор Пајач долго остана крај ТВ екранот за да утврди дали по прекрасниот удар на Михаел Жапер топката со целиот обем ја мина гол-линијата.

На прв поглед изгледаше дека има водечки гол за Осиек за 2:1, но конечната одлука на судијата беше дека топката не ја минала гол-линијата со цел обем.

За среќа на играчите на Осиек тие до крајот на мечот постигнаа уште два гола и победија со 3:1.

Спорниот момент од 83. минута на дуелот меѓу Осиек и Локомотива можете да го погледнете на видеото во исечокот што почнува од 4.23 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести