Ова првпат се виде во Италија, Англичанец даде гол за Рома, друг Англичанец му асистираше

Рома ја победи Специја со 2-0 и се искачи на шестото место во италијанската Серија А, со 12 бода помалку од водечкиот Интер.

Жозе Мурињо имаше дуел со неговиот некогашен ученик Тијаго Мота, кого го тренираше во Интер, но искуството и квалитетот на играчкиот кадар што ги има беа на страната на Мурињо.

Рома првиот гол го даде во шестата минута и сега веќе нема екипи кои сезонава не дале гол во првите 15 минути од мечевите во Серија А. Крис Смолинг беше стрелец, а асистент беше неговиот сонародник Тами Абрахам. Ова е можеби првпат во историјата на италијанската лига асистент и стрелец при еден гол да бидат двајца Англичани.

Волчицата првпат по март 2020 на еден меч даде два гола со шутеви со глава.

При 2-0 за Рома, и Специја постигна гол, но беше поништен по проверка на видеоснимка. Инаку, во првото полувреме на еден навивач на Рома му се слоши, најверојатно имаше срцев удар и беше префрлен во болница.

- Оглас -

Најнови вести